[Фото] „Барок“ во публика на Театар Комедија

Повеќе активисти од движењето #Протестирам вечерва ја посетија претставата „Лисистрата“, која е дел од репертоарот на Театар Комедија.

Облечени во барокни костими, и со налепници на устите со зборот #Протестирам, активистите ги продолжуваат акциите низ главниот град, откако претходно во текот на денот посетија и други локации.

[Фото] „Барок“ во публика на Театар Комедија

Голем дел од фотографиите се појавија на социјалните мрежи  а настанот го објави и самиот театар на нивната официјална Фејсбук страна, со слика од публиката и зборовите:

„Некоја чудна публика….ДНО:-((((((((( Лисистрата ПРОДОЛЖУВА!!!!“, се вели во постот на театарот чиј директор е актерката Јелена Жугиќ, која лани стана пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, но одлучи дека нема да го прифати пратеничкиот мандат.[Фото] „Барок“ во публика на Театар Комедија

#Протестирам е граѓанско движење за мир, правда, демократизација на институциите кое бара оставка и одговорност на сегашната Влада.