Првиот голем концерт на отворено се одржа во Њукасл, Велика Британија, на кој се почитуваа правилата на социјално растојание.
Сем Фендер настапи во паркот Госфорт, а публиката беше одделена едни од други со посебни прегради.
Целиот простор бил исполнет со коцкасти огради во кои можат да се сместат неколку лица. Исто така, биле поставени места за дезинфицирање на рацете, а од публиката било побарано да не одат во баровите во големи групи.
Но, колку биле ефикасни мерките против коронавирусот ќе се знае по неколку дена кога ќе се знае дали некој се заразил на овој концерт.
Во продолжение, погледнете дел од атмосферата:
Неодамна во лондонски клуб се одржа пилот свирка на отворено, но помина неуспешно. Иако шоуто беше во согласност со мерките за социјално растојание, сепак не даде решение за повторно да се врати музиката во живо, затоа што ограничувањата резултираа со финансиска загуба.