„ФИНКИ нема зграда, трчаме до влада“ – протестен маратон до Владата на 2 април

По повод денот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при УКИМ за на 2 април е најавен протестен маратон кој ќе започне во 11 часот од Градскиот парк, а ќе заврши пред Владата.

Како што соопштија оттаму, маратонот се одржува под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“. По неговото завршување, најавен е и протестен марш, со цел подигнување на свеста за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ.

„Воедно ја известуваме јавноста дека ФИНКИ, во изминатиот период оствари повеќе средби со надлежните институции и се надева на позитивен исход и исполнување на дел од барањата кој ги поставивме на минатиот протест одржан пред владата на РСМ“, соопштија од Факултетот.

Инаку, пред точно десет дена, на булеварот пред Владата се одржа протестен перформанс, просторот се претвори во амфитеатар, се дискутираше и „држеше настава“. Присутните на протест побараа властите да обезбедат соодветни просторни услови и модерен објект за овој факултет, кој со 5.000 студенти е најбројниот во Македонија.

[Видео + фото] Протестен перформанс на ФИНКИ: Немаме зграда, учиме пред Влада