Филмски клуб на ФСС: „Преточување на прозен текст во дијалог – кон Мојот маж“ на Филолошки факултет

Во рамките на Филмскиот клуб при Факултетското студентско собрание, на Филолошкиот факултет во петок, 10 ноември, ќе се одржи предавањето Преточување на прозен текст во дијалог (Кон претставата мојот маж).

Со почеток во 17 и 30 часот, разговорот со писателката Румена Бужаровска, авторка на збирката раскази „Мојот маж“ и режисерката на истоимената театарска претстава, Нела Витошевиќ, ќе го води Благоја Јовановски, овогодинешниот добитник на наградата Вавилон, за најдобар младински превод.

Во Амфитеатар 1, на разговорот присутните ќе имаат можност да продискутираат со авторките за претставата „Мојот маж“, процесот на режирање и значајноста на театарот.