Бруцошите од ФЛФ бесплатно ќе земаат книги од НУ Библиотека „Св. Климент Охридски”

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во состав на УКИМ потпишаа меморандум за соработка.

Преку меморандумот потпишан меѓу директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Рахметула Куќи и деканот на Филолошкиот факултет Владимир Мартиновски, бруцошите, односно студентите од прва година ќе можат бесплатно да ги користат услугите на библиотеката.

Мерката е со рок од една година, а меморандумот беше потпишан на 28 септември.