Филмска проекција „Агентот крт“ во рамки на Sирни #3 во „Котур“

Во рамки на третото издание на „Ѕирни“ – фестивал на филм, музика и кафе, во „Котур“, ќе се одржи филмска проекција на „Агентот крт“. Филмот беше прикажан на овогодишното издание на „Македокс“.

Билетите се бесплатни, но поради ограничениот број на места, тие ќе може однапред да се подигнат од Котур.

„Кога едно семејство ќе почне да се грижи за состојбата на мајката во пензионерски дом, приватниот истражувач Ромуло го најмува Серхио, 83-годишен старец кој станува нов жител – и крт во домот. Серхио се обидува да ја балансира својата задача со сè поголемата вклученост во животот на дел од станарите на домот“, велат за филмот организаторите.

Филмот е снимен по сценарио и режија на Мајте Алберди, а настанот ќе трае еден и пол час.