Четири европски филмови на програмата „Зимски МакеДокс“

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја започнува програмата „Зимски МакеДокс“ преку која онлајн ќе се прикажат победниците на четирите фестивали – основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“.

Филмовите „Ќерките на Зухур“ во режија на Лауренција Генске и Робин Хумболт (победник на „ДОК.фест Минхен“), „Господарките на шумата“ од Клаус Дрексел (победник на „ФИПАдок“), „Тајната на доктор Гринбер“ во режија на Ида Куеља (победник на „ДоксБарселона“) и „Дида“ режиран од Никола Илиќ и Корина Швингрубер Илиќ (победник на „МакеДокс“) од денес до 20 јануари ќе може бесплатно и без активна претплата да се погледнат на платформата „Gley.mk“.

Основачи на мрежата на фестивали на документарни филмови „Doc Around Europe“ се „ДОК.фест Минхен“ (Германија), „ФИПАдок“ (Франција), „ДоксБарселона“ (Шпанија) и „МакеДокс“ (Северна Македонија), а годинава на мрежата се приклучи и фестивалот „Верзио“ (Унгарија).