Филипче: Од собирите во Охрид имаше многу помалку новозаболени во споредба со бранот семејни прослави на затворено

Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава со физичко присуство и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во врска со ширењето на новиот коронавирус, Министерот во интервјуто вели и дека по големите собирања во Охрид немало толку драстично зголемување на новозаболени во споредба со „вториот бран“, кога во рамките на семејните настани во затворени простории се јавуваа нови случаи.

Целосното интервју погледнете го во продолжение:

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.