Фестивал за детска литература во Музеј на современа уметност на 13 и 14 април

Овој викенд во Музеј на современа уметност ќе се одржува фестивал посветен на детската литература.

Целта на фестивалот е да ги презентира најдобрите дела од домашната и светската детска литература и илустрација.

Организаторите велат дека настанот нема да биде класичен „саем на книга“ туку ќе понуди многу повеќе содржини. Ќе се организираат работилници на кои искусни автори ќе им го пренесат своето знаење на најмладите посетители и ќе ја поттикнат нивната креативност. Исто така, преку организирање дебати ќе се отворат низа актуелни прашања како местото на книгата во дигиталниот свет, улогата на детската литература во интелектуални и емотивниот развој на најмладите итн.

Покрај ова, ќе се разговара и за квалитетот на детската литература, дали и колку е таа застапена кај домашните издавачи.

Пред публиката ќе се претстават афирмирани илустратори од Македонија и од странство, кои ќе одржат свои работилници, ќе пренесат искуство од техниките во кои работат и од соработката со меѓународни автори. Ќе се организира и ретроспективна изложба на илустрации за деца од македонски автори.

Идејата, велат од „Литера“, е фестивалот да прерасне во традиција и да се позиционира на мапата на светски фестивали посветени на детската литература и илустрација.

Во продолжение, целосната програмата на Фестивалот: