Ретроспектива на македонската илустрација до 1990 на фестивалот „Литера“

Ретроспективната изложба на македонската илустрација до 1990 година ќе биде дел од првиот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2019“, кој ќе се одржи на 13 и 14 април во Музејот на современа уметност.

Посетителите ќе имаат ретка можност да погледнат дел од националното културно богатство, дела кои ги краселе страниците на детски списанија, лектири, учебници, илустрации со кои пораснаа многу генерации. Квалитет, уникатен ликовен ракопис и колорит кои ќе ги разбудатспомените.Создадени во време кога дигиталниот свет не постоел и кога сè е креирано со човечка рака и многу трпение, овие дела се вистинско национално богатство, кое треба да претставува „лектира“ за новите генерации илустратори во државата.

„Ретроспективната изложба на илустрации се случува во време кога нашите деца се преокупирани со компјутерски игри, мобилни телефони и новата „видео култура“. Преку оваа изложба, која е прва од ваков карактер кај нас, ќе се запознаат со каква естетика растеле нивните родители и припадниците на генерациите кои растеа пред и во текот на деведесеттите години од минатиот век. Оваа изложба е одлична шанса и нашите помлади илустратори да се запознаат со работата на оние кои ги поставија темелите на илустрацијата кај нас“, вели Урош Вељковиќ, кој е дел од тимот на фестивалот „Литера“ и задолжен за организација на ретроспективната изложба.

Тимот на „Литера“

Годинава, посетителите ќе имаатретка можност да ги погледнат и да евоцираат  спомени со илустрациите на авторите: Младен Туниќ, Жарко Туниќ, Орде Маневски, Ацо Цветковски, Ацо Каевски, Мирослав Вељковиќ – Мишо, Томо Шијак, Томче Маневски, Стоилчо Георгиевски – Цоне, Димче Исаиловски и Димитар Божиков – Мичо.

Повеќе детали за настанот можете да најдете на www.literafestival.com.