Фејсбук започна да ги обележува профилите на државно контролираните медиуми

Фејсбук започна да ги обележува медиумите кои се „под целосна или делумна уредничка контрола од државните власти“, исполнувајќи го ветувањето за воведување на мерката од  2019 година. Истовремено, компанијата забрани онлајн спонзорирање на територијата на САД за државно контролираните медиуми.

Назнаките се додаваат на овие страници бидејќи „тие комбинираат влијание од медиумска организација и стратегија поддржана од државата“, па компанијата „верува дека луѓето кои ги читаат вестите треба да знаат дека објавата може да е под влијание од власта“.

Страните се обележани како „државно контролирани медиуми“ се оценувани според повеќе фактори, меѓу кои информации за нивното сопствеништво и финансирање, нивото на транспарентност на нивните извори и воведување на политика на одговорност и поправка. Медиумите ќе можат да ја докажуваат нивната независност, вклучувајќи закони кои ја штитат уредничката слобода и кредибилната проценка на надворешен извор. Спротивно, Фејсбук ќе додаде обележување на објавите на страната на глобално ниво, а ваквите назнаки ќе се покажуваат на американските Фејзбук ѕидови.

Назнаките веќе можат да се забележат на страницата и објавите на некои медиуми кои се обвинети за ширење на пропаганда во САД, вклучувајќи го „Спутник“ и „РТ“. Тие сега се дефинираат како државно контролирани медиуми, заедно со други медиуми, како „Чајна Дејли“. Фејсбук не е првата онлајн платформа која воведе вакви мерки, Јутјуб експериментирал со обележежување на државно контролирани канали во 2018, иако користењето на оваа алатка не е константно.

Компанијата вели дека државно контролираните медиуми ретко се рекламираат во САД. Сепак одлуката за блокирањето на ваквата содржина е „поради потреба од претпазливост и воведување на екстра заштитни мерки против различни видови на надворешно влијаните на јавната дебата пред претстојните избори во ноември, 2020 во САД. Ова ја комплементира одлуката на Фејсбук да ги отстранува неавтентичните страни кои шират пропаганда или дезинформации.

Опцијата за обележување е дел од поголем зафат за заштитување на интегритетот на претседателските избори. Сепак, Фејсбук се соочи со критики поради одлуката да не ги проверува фактите во објавите на политичарите на својата платформа, вклучувајќи го и Доналд Трамп.

Извор: The Verge

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.