Фејсбук забрани на „Natural News“ да шири дезинформации од фарми за тролови од Македонија и Филипините

Еден од најголемите ширачи на дизинформации за коронавирусот на Фејсбук беше баниран од платформата откако употребувал содржини од фарми на тролови од Северна Македонија и Филипините, соопшти Фејсбук.

Издавачот „Natural News“ беше една од најплодните „туркачи“ на вирусното видео за заговор „Plandemic“, кое погрешно тврдеше дека коронавирусот е дел од сложен владин заговор за контрола на населението преку вакцини и дека со носење маска се зголемува ризик од зараза со новиот коронавирус, објави Ен-би-си њуз.

Фејсбук соопшти дека пронашол тролови кои репризно постирале содржини од „Natural News“, т.н. антиваксерски инфо сајт што постојано ширел погрешни теории на заговор за 5G кули и Бил Гејстс. Исто така, постирал содржина од „NewsTarget“ и „Brighteon“, сестрински сајтови на „Natural News“, со цел вештачки да го прошири својот досег.

„Ги отстранивме овие страници за спам и несоодветно однесување, а не за содржините што ги објавија. Тие ги доведоа во заблуда луѓето за популарноста на своите објавувања и се потпираа на ‘фарми за содржини’ во Северна Македонија и Филипините“, се вели во соопштението на Фејсбук.

Според Фејсбук, акциите се дел од рутинско спроведување против спам-мрежи.

Меѓу другите несоодветни однесувања, „Natural News “ ја објавиле содржината со невообичаено висока фреквенција на посети, обидувајќи се да ги избегнат ограничувањата, со што ефикасно ги привлекле алармите за спам на Фејсбук, велат од социјалната мрежа.

Како што анализира Ен-би-си њуз, „Natural News“ е веб-страница во сопственост и управувана од Мајк Адамс, продавач на додатоци во исхраната, познати и под името „The Health Ranger“. Операцијата на Адам е далеку најлошото ширење на здравствени дезинформации преку интернет.

Во текот на своето 25-годишно работење, „Natural News“ беше домаќин на илјадници статии кои одбиваат научен консензус, промовираат лажни лекувања и шират теории на заговор.

Неговите статии исто така ги насочија научниците и лекарите за вознемирување и насилство. Во април, на страницата имаше 3,5 милиони „гледачи“, според компанијата за аналитика на интернет, SimilarWeb.

„Natural News“ беше забранет од Фејсбук во јуни 2019 година заради користење „погрешни или неточни информации“ за привлекување посети, се вели во соопштението на Фејсбук. Тие во тоа време имаа скоро 3 милиони следбеници.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.