Фејсбук поретко Ви ги покажува нашите објави, еве што можете да направите

Фејсбук поретко Ви ги покажува нашите објави, еве што можете да направите

Почитувани слушатели на Радио МОФ, читатели на radiomof.mk и фанови на нашата страницa на Фејсбук,

Од неодамна, Фејсбук направи промени во начинот на кој ги пренесува објавите од фан-страниците. Ова значи дека сега далеку помал број од Вас ги добиваат постовите од нашата страница во својот news feed. Иако имаме над 8000 фанови, Фејсбук им ги прикажува овие објави само на неколку стотици од нив.

За жал, со оглед на тоа дека нашите објави најчесто се линкови кои водат до вести и содржини објавени на radiomof.mk, рестрикциите на Фејсбук значат и дека сè помалку наши фанови стигнуваат до содржините на сајтот преку најголемата социјална мрежа.

Што можете да направите?

1. Откако ќе кликнете „лајк“ на нашата страница, додадете ја во вашите „листи на интереси“ (interest lists). На овој начин, Фејсбук ќе ви прикаже повеќе објави од Радио МОФ.

fb-1

2. Објавите од страницата на Радио МОФ почесто стигнуваат до фановите кои имаат повеќе интеракција со нашите објави. Доколку сакате да добивате повеќе вести од Радио МОФ, коментирајте, споделувајте и кликајте „лајк“ на нашите постови.

3. Следете ги информациите директно на нашата веб-страница, www.radiomof.mk. Додадете го Радио МОФ во bookmarks:

Фејсбук поретко Ви ги покажува нашите објави, еве што можете да направите

Се надеваме дека и понатаму ќе ги следите информациите кои ги објавува Радио МОФ и ќе ни бидете поддршка за да ја продолжиме нашата мисија: да бидеме медиум на младинската заедница и редовно, актуелно и објективно да информираме за сите прашања поврзани со младите.

Со почит, тимот на Радио МОФ.