Фејсбук ги принудува корисниците на мобилни уреди да користат „Месенџер“

Фесјбук почнува да ги принудува своите корисници да ја симнат и да ја инсталираат неговата апликација „Месенџер“. Во спротивно, тие не можат да продолжат да пишуваат пораки и во реално време да разговараат со своите пријатели на мрежата.

Во моментов, пораката делува како еден вид на предупредување, која може да се затвори.

Таа гласи: „Вашите разговори се префрлаат на Месенџер“, но јасно е дека во иднина пишувањето пораки нема да биде достапно за оние кои одбиваат да ја инсталираат пораката.

Голем број на корисници не сакаат да го користат „Месенџер“ и се револтирани од последниот потег на Фејсбук. Дел од нив, сметаат дека компанијата ја наметнува апликацијата, не оставајќи им избор.

Неодамна, еден од основачите на сајтот The Piratebay, Петер Сунде го нарече Марк Цукерберг „диктатор на најголемата нација во светот“. Тој ја осуди централизацијата на моќ на едно место.