Факултетот ја отпуштил српската професорка бидејќи се кандидирала за проректор

Професорката Ивана Ковачиќ, се замерила со раководство на нејзиниот факултет кога се кандидирала за продекан за настава, дознава српски Блиц. Факултетот за технички науки(ФТН)  неодамна ја отпушти професорката која освен што е дел од групата на пет најдобри научници во Србија,  важи и за една од надобрите европските физичари-механичари на денешницата.

ivana_kovacic

Нејзината кандидатура во ноември минатата година откри голем број неправилности во тек на изборот на член на деканатот и го принуди дури и Ректоратот на Универзитетот на Нови Сад да интервенира во настаните на ФТН, велат група нејзини колеги во писмото до редакцијата на Блиц. Три месеци подоцна , иако таа има највисок научен ранг и фантастични критики како предавач, Ковачиќ е отпуштена од работа.

„Најчудно е тоа што деканатот , кога претходниот продекан за настава поднесе оставка, не распиша конкурс за празното работно место. Професорката Ковачиќ за изборот дозна само два дена седницата на советот на која сè требаше да биде завршено. Таа веднаш побара од директорот на нејзиниот оддел , Драгана Спаиќ, да се одржи итна седница за да можат да гласаат колегите и да ја дадат поддршката за нејзината кандидатура. По оваа интервенција закажана е седницата, но крајниот рок за кандидирање беше веќе завршен“, тврди еден од нејзините колеги.

Ковачиќ беше поддржана од своите колеги од одделот и таа стана официјален кандидат . Сепак, на состанокот на 27 ноември, Комисијата на која и бил доделен надзорот врз валидноста на изборите, одлучила да ја прогласи нејзината кандидатура за неважечка. Обидите на некои професори да протестираат, ги загуши лилно деканот Раде Дорословачки.

„Кандидатот предложен од деканот, стана проректор за настава“, велат професорите на ФТН за Блиц.

И ректорот Мирослав Весковиќ смета дека случајот со ФТН покажал „дупка во законот која овозможува секоја катедра да води своја политика.”

„ Формално, факултетите се посебни правни субјекти и рацете на ректорот се врзани“, вели Весковиќ.

Деканатот на ФТН се огласи со допис во кој се тврди дека сториле се за да ја задржат Кобвачевиќ, како и дека деканот предложил да биде примена на друга катедра, но без успех.

Професоркат Ковачиќ вели дека нема да се откаже.

„ Ако се согласам да ме избркаат лошите, која е мојата порака? Сепак, верувам дека ни требаат млади, паметни луѓе“, вели таа.