Една од најдобрите европски научници доби отказ од факултетот во Србија

Факултетот за технички науки ја отпушти професорката Ивана Ковачиќ, една од петте најдобри научници во Србија која важи и за една од надобрите европските физичари-механичари на денешницата.

Една од најдобрите европски научници доби отказ од факултетот во Србија

Според бодовите на српското Министерство за наука, таа има добиено највисок научен ранг А1, но ова се чини не и помогна да ја зачува својата работа на факултетот, објави Блиц.

И покрај тоа што е една од најдобрите европски физичари-механичари, таа е и гостински предавач на два странски универзитети: Институтот за звук и вибрации во Саутемптон и на Одделот за машинско инженерство на универзитетот Шефилд.

Објавила повеќе од 100 научни трудови, а од нејзините учебници за нелинеарни осцилации учат младите ширум Европа. Студентите на ФТН, на кои како вонреден професор им предава веќе пет години и тоа дури 10 предмети, нејзините предавања ги оцениле со оценка 9,77. Сепак и тоа не било доволно за да ја добие титулата редовен професор.

„ И покрај резултатите, за мене нема место на факултетот на кој се школував, на кој предавав, каде што минав вкупно 17 години. А таа одлука ја донесоа луѓе чии референци, дури и кога ќе се соберат, три до десет пати се полоши од моите. До кога најлошите ќе одлучуваат што ќе биде со најдобрите“, огорчена е Ковачевиќ.

Проблемот настанал кога таа требало да го добие статусот редовен професор. Титулата вонреден професор ја добива на 20 мај 2009 година. Деканот на ФТН, Раде Дорословачки потврдува дека состојбата во Одделот за механика е тешка, како и дека меѓу директорот на овој оддел Драган Спасиќ и професорката Ковачевиќ постои спор, како и дека директорот одбил да објави конкурс за вработување на професорката.

Сепак, тврди тој, има уште една страна на приказната.

„Факт е дека таа е потребна на факултетот, а јас досега пет пати побарав и на крајот му наложив на директорот на одделот да распише конкурс. Но колегите тоа го одбија на тајно гласање. Јас не можем против статутот на факултетот и одликата на одделот“, вели Дорословачки.

Иако на Ковачевиќ и нудат работа и на универзитетот во Саутемптон и на Шефилд, таа одбива да ја напушти Србија. Во меѓувреме упати отворено писмо до сите органи на власта, а планира да поднесе и тужба.

„ Не сакам да си заминам од земјата. Пред се, одговорна сум пред студентите. Ако се согласам да ме изгбркаат лошите, која е мојата порака? Второ,  цврсто верувам дека на Србија и се потребни млади и паментни луѓе“, вели Ковачевиќ.

Извор: Блиц