Ердоган планира да ги забрани Фејсбук и Јутјуб во Турција

Расте можност за дополнително заострување на правилата за интернет во Турција. Според последните најави, премиерот Реџеп Таип Ердоган ги разгледува предлози и можностите за ограничување на интернетот, а се споменува и можна забрана за користење Фејсбук и Јутјуб.

Нов закон во Турција - лекарите не смеат да даваат прва помош без владина дозвола

Во телевизиско обраќање, премиерот Ердоган зборуваше за прашањето за прислушкување и за аудио-снимките за наводни телефонски разговори на официјални лица што се поставуваат на интернет.

По повод новиот закон за интернет, што предизвика критики во државата и странство, Ердоган изјави дека владата подготвува нови чекори во таа насока по локалните избори на 30 март.

Според него, постои одлучност за тоа прашање, а нагласи и дека забрана за користење Фејсбук и Јутјуб исто така може да е меѓу новите мерки.

Ограничувањето на слободата на интернетот наиде на голем револт кај многу турски граѓани, а беа организирани и повеќе протести.