Еко-акција утре во парк-шумата Гази Баба

„Во исчекување на студени и снежни денови решивме да пружиме малку љубов кон една од најголемите зелени површини на Скопје – парк-шума Гази Баба. За среќа имаме ваква убава мини-планина богата со жив свет и зеленило сред самиот град. За несреќа ни таа не е имуна на несовесност и загадување“.

Вака стои најавата за еко-акцијата на иницијативата За почиста Македонија, која ќе се одржи утре (сабота, 2 декември) со стартна позиција кај клупите после рампата кај паркот Гази Баба.

„Оваа сабота ќе се впуштиме во акција во јужниот дел на паркот кај големата полјана и ќе фрлиме и мал фокус на најмалите но и најчестите загадувачи во градот – пикавци. По тој повод имаме и мало изненадување за вас. Секој учесник ќе добие еден мал подарок – stay tuned! Можете да нè најдете кај клупите веднаш после рампата точно во 11 часот (види слика). Како и секогаш ќе го видите нашето зелено знаме. Ние ќе ја обезбедиме потребната опрема, а вие само донесете ентузијазам и желба за убави дел. Не барајте човек за пример, бидете примерот“, стои во соопштението иницијативата.