„Eхо на ѕидовите“ – панел дискусија и промоција на публикација за напуштените објекти

Во Младинскиот културен центар на 16 ноември (вторник) од 12 часот ќе се одржи панел-дискусија на тема „Напуштените објекти можност за развој на локалната заедница видено низ скопските општини?“.

Во рамките на панел-дискусијата ќе биде промовирана и публикацијата: „Ехо на ѕидовите“ која ги обработува минатото, сегашноста и иднината на напуштените објекти: Салата Партизан (Општина Карпош), Месната заедница во Тафталиџе (Општина Карпош), Фабриката Купром (Општина Ѓорче Петров) и Домот на култура 11 Октомври (Општина Гази Баба).

На дискусијата како говорници се потврдени Симона Димковска од „Културно Ехо“, Марија Арсенковска од „Зелен хуман град“ и Кристијан Караџовски од „Кадар“.

Модератор на настанот е Мартин Анастасовски од „Културно Ехо“.

Проектот „Ехо на ѕидовите“ го спроведуваат здружението „Кадар“ – истражувачко новинарство, документаристика и едукација во соработка со Меѓународното здружение на граѓани „Културно Ехо“. Тоа претставува колаборативен истражувачки проект спроведуван од новинар и архитект за напуштени објекти кои се наоѓаат на територија на Град Скопје. Проектот е финансиран од Град Скопје.

Организаторо напоменува дека, поради запазување на ковид-протоколите и ограничениот број на места, потребно е да се регистрирате за присуство на овој настан со праќање на е-маил на k.karadzovski@gmail.com најдоцна до понеделник, 15 ноември.

„Бидеќи настанот се одвива во затворен простор потребно е да прикажете вакцинален сертификат или сертификат за прележаност со важност не постар од 45 дена“, се вели во најавата.