Џафер Јусеф утре настапува во Филхармонија  

Тунискиот музичар и композитор Џафер Јусеф утре (12 септември) во 20 часот ќе настапи во Скопје, во склоп на „JazzFest Tetovo (on tour)“ во салата на Македонска Филхармонија.

„Освен што мајсторски свири на уд, Џафер исто така го знаеме за неговиот глас, кој е неописливо експресивен и убав. На овој концерт ќе настапи заедно со Рафаеле Касарано  (саксофон), Адриано Дос Сантор (перкусии)“, се вели во најавата за концертот.

Според организаторот, „Sounds Of Mirrors“ е албумот кој ќе биде изведуван на оваа концертна вечер, албум кој повеќе се потпира на звуци од Блискиот Исток и Индија, премостувајќи жанрови и континенти со мајсторство и имагинација.