Две Русинки запалија 195 тони слама, сакајќи да направат видео за „ТикТок“

Две девојки во Русија запалија речиси 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, сакајќи да снимаат видео за „ТикТок“, пренесува „Н1“.

Полицијата во саботата соопшти дека пожарот излегол од контрола откако биле запалени делови од сламата. Се наведува дека изгореле околу 195 тони слама во рурална област недалеку од градот Перм, околу 1.200 километри источно од Москва.

Девојките веднаш побегнале од местото, откако не успеале да се справат со гаснењето на пожарот. По кратко време, тие и признале на полицијата дека снимале видео за апликацијата „ТикТок“ кога се случил настанот.

Властите на девојките им посочиле дека освен тоа што предизвикале голема штета, тие ги ризикувале и своите животи обидувајќи се да го снимат видеото.