За време на Саемот на книгата од 3 до 9 мај, на барање на Скопски саем, ЈСП Скопје воведува две нови линии кои во истиот период ќе сообраќаат до ВИП Арена Борис Трајковски. Идејата е да им се олесни пристапот на посетителите до Саемот.
Линијата 100/1 ќе сoобраќа од населбата Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски по следната траса: Булевар Јане Сандански → Нова Железничка станица → Југодрво → Рекорд → Соборна црква → Партизански одреди → Поликлиника Букурешт → ВИП Арена Борис Трајковски.
Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11,00 часот а исклучувањето во 19,00 часот.
Линијата 200/1 ќе сoобраќа од населбата Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски по следната траса: Дексион → Ѓорче Петров → Партизански одреди → Поликлиника Букурешт → СЦ Борис Трајковски.
Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11,00 часот а исклучувањето во 19,00 часот.
Јубилејно издание на Саемот на книгата од 3 до 9 мај во „Борис Трајковски“