Јубилејно издание на Саемот на книгата од 3 до 9 мај во „Борис Трајковски“

„30 години читаме со задоволство”, е слоганот на овогодинешниот, јубилеен Саем на книгата.

Во организација на Скопски саем, под покровителство на Министерството за култура на РМ, годинава настанот ќе се одржува од 3 до 9 мај, во ВИП Арена Борис Трајковски.

Саемот ќе понуди изложување на дела од:

·  домашни и странски автори;

·  современи и класични литературни дела;

·  стручна, научна и белетристичка литература;

·  енциклопедии;

·  дела од областа на културата и уметноста;

·  книги за млади и деца;

·  учебници и училишни прирачници и галантерија;

·  современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.

На саемот ќе учествуваат значајни издавачки куќи од замјата, но и изложувачи од регионот.

По повод јубилејното издание на Саемот за книгата, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен. 

Работното време на саемот е од 10:00 до 20:00.