Двајца новинари убиени и запалени додека известувале од протести на Хаити

Двајца новинари од Хаити беа убиени и нивните тела запалени додека известуваа во кварт во главниот град контролиран од банди, што е второ такво убиство годинава, соопшти Здружението на новинари на Хаити.

Тие беа меѓу седумте нападнати во неделата во населбата Сите Солеј во Порт о Пренс додека го истражуваа влошувањето на насилството во областа, вклучително и неодамнешното убиство на 17-годишна девојка.

Убиените новинари се идентификувани како Тајсон Латиг и Френсен Шарл.

Новинар од здружението за радио Метропол Хаити изјави дека новинарите биле во заседа од две неидентификувани завојувани банди. Тој рече дека уште петмина новинари се неповредени, додавајќи дека телата на двете жртви се уште не се собрани.

Здружението го осуди „криминалниот чин“ и побара од владата ја среди влошената безбедност во земјата, каде што убиствата и киднапирањата се во пораст.

Бандите станаа помоќни по атентатот на претседателот Жовенел Моиз во јули минатата година.