„Државата гори, фикусот се журка“ – герила акција на концертот на Дејвид Гета

Транспарент на кој пишува „Државата гори, фикусот се журка“ осамна во спортскиот центар „Филип втори“, пред почетокот на концертот на мегапопуларниот диџеј Дејвид Гета, со чиј настап вечерва започнува фестивалот Skopje Calling.

Тој треба да се појави на сцената точно на полноќ, а герила акцијата, која се смета дека е дело на Шарената револуција, се случи пред триесетина минути.

Транспарентот експресно бил отстранет, но фотографии од акцијата се појавија на Твитер, предизвикувајќи бурни реакции на социјалните мрежи.

Ова е втора герила акција на Шарена револуција денес. Неколку активисти утрово поставија гласачка кутија на бетон, пред Собранието, со која симболично ги „забетонираа“ изборите на 5 јуни, како пародија на претходна изјава на поранешниот премиер Никола Груевски.