[Видео] Герила акција пред Собрание: Бетонирани изборите на 5 јуни

Со гласачка кутија, поставена на бетон во Жена парк, активисти на Шарена револуција симболично ги одржаа одложените избори, за кои владејачката партија велеше дека се забетонирани на 5 јуни.

По отворањето на бетонираното гласачко место, единствениот гласач го пречкрта името на поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија која требаше да излезе на изборите.

Едно од барањата на Шарена револуција беше да не се одржат избори на 5 јуни. Но, по состанувањето на Собранието, партиите се уште немаат постигнато договор кога би се одржале изборите.

Оваа акција доаѓа откако демонстрантите најавија дека можеби нема повеќе да излегуваат секој ден во шест, но нивните секојдневни акции нема да престанат. Напротив, од понеделник најавија дека ќе се радикализираат.