Донирани 6500 визири направени со 3Д принтер, снемува материјал за нивна изработка

Вкупно 6500 заштитни маски со визири, кои се направени со 3Д принтери низ целата државата, се донирани во здравствените институции. Визирите се прават во рамки на донаторската акција поддржана со средства донирани од граѓани и фирми. Но, како што информираат организаторите на акцијата, се потешко се наоѓа материјал за изработка на визирите.

„Поради зголемената употреба на Вералит (провиднот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“ апeлира до сите оние кои можат да ги снабдат со Вералит (проѕирен дел од визирот) да ни се обратат.  Доколку не успееме да набавиме Вералит акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на опслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи“, алармираат.

Процесот за снабдување на приватните здравствени установи сеуште e во тек, но заради интензивниот труд на активистите од 3Д принт медицинска опрема, само на 7. април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на Здравствен Дом – Скопјe, Градска Општа Болница “8ми Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара.

Од навивачката група „Комити“ пак се донирани 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска Општа Болница “8ми Септември”.

 

Донирани првите 300 заштитни маски со визири направени со 3Д принтери