[Дискусијa] Одлив на мозоци од Македонија – причини и последици

Кои се главните фактори поради кои младите ја напуштаат земјата? Како зголемената миграција на младите влијае врз состојбите во земјава? Дали државата има начин да ги задржи, но и врати младите високообразовани луѓе назад во Македонија? Лични искуства, идеи и предлози за справување со оваа состојба?

Ова се дел од прашањата на кои денеска ќе се дискутира во студиото на Радио МОФ, во отвореното студио насловено „Одлив на мозоци од Македонија – причини и последици“.

Гости во студио се Калинка Габер од„Прогрес“ институт за социјална демократија, Росица Колевска иселеник во Германија и Христијан Конески од Центарот за европски иницијативи.

Дискусијата започнува во 13:30 часот, а ќе ја води новинарката Јасмина Јакимова.

Во текот на дискусијата сите коментари и прашања може да се оставаат на Твитер под хаштазите #РадиоМОФ и #СиОдиме.

Следете Радио МОФ.