„Диското се врати во Градот”- журка со „Urdah and the Simith’s“

Новоотворениот скопски клуб „Block” во соработка со познатите диско шамани „Urdah and the Simith’s“ најавуваат целовечерна диско журка во четврток (28 мај), по полноќ.

Екипата која со помош на Радио МОФ започна да ја шири својата диско и фанк визија, прво преку емисијата „Патување низ Фанк Галаксијата“, а потоа и со резидент забавите во „Калдрма” и „Ракија Бар” овој пат дебитираат на клубската сцена со специјален диско сет кој ќе ги опфати сите правци промовирани во радио емисијата, како и со дел од нивните необјавени „едити“.

„Петок е неработен ден и ве очекуваме во голем број. Да го вратиме заедно Диското во градот наш!“, порачуваат  „Urdah and the Simith’s“.

Клубот „Block” се наоѓа во трговскиот центар Мавровка.