Патување низ фанк галаксијата

Диското се врати во градот!

Секој втор вторник од 22:00 до 23:00 – Патување низ Фанк Галаксијата (со Урда и неговите Симити) – емисија посветена на фанк и диско културата, како и на враќање на духот на ова движење како дел од нашиот живот.

It’s Boiler Time featuring Pukkah, Ulterior, UTS & Radio Mof

Очекувајте 60-минутна авантура со тројцата спејс диско шамани, етапно проследена од почетоците, преку светските влијанија и артисти, заедно да патуваме низ Фанк галаксијата почнувајќи од првите афро ритмови,  џез, музика од Јужна Америка, итало, хип-хоп, електро, Бразил, клубска музика… сето ова претставено преку селекција на УТС колективот и на локални диџеи и пријатели (секоја трета емисија – гостин во емисија).

Колективот УТС (https://www.facebook.com/utscollective) е формиран со цел да ја врати оваа култура во нашето секојдневие, најпрво преку андерграунд забави а сега и со своја емисија каде ќе ви презентира широк опсег на музика.

Да го вратиме диското во градот!

Patuvanje niz fank galaksijata so Urda i negovite Simiti by Radio Mof Music on Mixcloud