Димитар Фуна ја доби Годишната награда за најдобар млад истражувач на Народната банка

Младиот истражувач Димитар Фуна е добитник на Годишната награда на Народната банка, која се доделува на млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството.

Фуна ја доби наградата за својот труд „Проценка на дистрибуцијата на доход во Северна Македонија: Пристап базиран на претходно недостапни даночни податоци“

Според младиот истражувач, целта на трудот е  преку употреба на алтернативен нов сет податоци од даночната сфера, да се направи подобра проценка на дистрибуцијата на доход во земјава.

„Авторот го проширува портфолиото алтернативни пристапи за оцена на доходовната нееднаквост. Тој посочува дека очекува со ваквата анализа да се зајакнат видувањата за нееднаквоста во распределбата на доходот кај нас, како насоки за носителите на политиките“, велат од Народна банка.

Димитар Фуна дипломира на Економскиот Факултет при УКИМ во Скопје во 2020 година додека во 2021 година се стекнува со звањето магистер по финансии и сметководство при Империјал Колеџот во Лондон, Велика Британија.

Народната банка ја доделува Годишната награда за млади истражувачи шестнаесет години. Целта е преку наградата да се афирмираат младите истражувачи и да се даде придонес во развојот на истражувачката дејност во земјава во областа на макроекономијата и банкарството.