Девет починати и 1.635 новозаразени лица од КОВИД-19 во последното деноноќие

Од министерството за здравство информираат дека во последниве 24 часа се регистрирани 1.635 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци – 44, Велес – 41, Струмица – 39, Гостивар и Охрид – по 38, Тетово – 37, Радовиш – 28, Штип – 27, Струга – 25, Гевгелија – 23, Кочани – 21, Неготино – 20, Ресен – 17, Крива Паланка, Валандово и Крушево – по 11, Свети Николе и Делчево – по 9, Берово – 7, Македонска Каменица – 6,  Богданци и Македонски Брод – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Пехчево – по 3 и Дебар – 2.
„Од вкупниот број на позитивни (1.635), регистрирани се 184 реинфекции“, додаваат оттаму.
Од МЗ информираат дека во текот на изминатите 24 часа пријавени се девет починати лица –  6 починати лица од Скопје (50г, 66г, 66г, 67г, 83г и 85г), 2 починати лица од Битола (62г и 69г) и едно починато лице од Прилеп (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 243.284, бројот на оздравени пациенти е 219.616, на починати е 8.092, а бројот на активни случаи изнесува 15.576“, велат од МЗ.
Во последното деноноќие направени се 7.564 тестови, а досега во земјава се направени  вкупно 1.700.555 тестирања на КОВИД-19.