Денеска резултати од екстерното за полуматурантите

Денеска ќе бидат објавени резултатите од јунската сесија на екстерното тестирање за деветтоодделенците, соопшти Државниот испитен центар.

Оттаму посочуваат дека право на приговор на резултатите учениците имаат во наредните три дена, а приговорите треба да бидат доставени до училиштата каде, според известувањето на ДИЦ, ќе им биде овозможен и увид во тестот.

Екстерно годинава полагаа над 180 000 ученици, а со него треба да се провери какви оценки ставаат 17.803 наставници по 7.560 предмети. Тестовите се полагаа од 2 до 10 јуни.

Во текот на тестирањето, иако од Министерството тврдеа дека процесот се одвива без никави проблеми, Средношколскиот пленум известуваше за бројни нерегуларности и нелогичности, како и технички пропусти кои го пратат овој процес и годинава.