СП: Прашање на екстерно – Желудникот лачи пепсин, швепсин или кока-колин?!

Не стивнуваат реакцииите од прашањата на екстерното тестирање во јавноста. Од Средношколскиот пленум објавија слика од прашање на албански јазик за кое велат дека било поставено на учениците, кое гласи:

Желудникот лачи:
-швепсин
-пепсин
-кока-колин
-фантин.

СП: Прашање на екстерно - Желудникот лачи пепсин, швепсин или кока-колин?!

„МОН, дали сте сериозни, дали навистина сметате дека вакви понудени одговори треба да постојат на тестирање од кое зависи просекот на учениците?“, се вели во реакцијата на Средношколскиот пленум.

Главниот дигестивен ензим во стомакот, кој ги разградува протеините во пептидите, се вика пепсин.

СП: Прашање на екстерно - Желудникот лачи пепсин, швепсин или кока-колин?!

Од пленумот постојано објавуваат и други прашања кои се паднале на екстерното, за кои велат дека се грешни или немаат логика, како и дека изобилуваат со технички грешки. Социјалните мрежи деновиве изобилуваат со фотографии кои ги објавуваат ученици, родители, наставници, револтирани од начинот на кој се одвива екстерното оценување и од нелогичните или погрешни прашања.

СП: Прашање на екстерно - Желудникот лачи пепсин, швепсин или кока-колин?!

Од Министерството за образование и наука, вчера го повторија ставот дека се работи за истите прашања, кои се изготвени согласно наставните планови, програми и цели.

СП: Прашање на екстерно - Желудникот лачи пепсин, швепсин или кока-колин?!

„Доколку некој од учениците или било кој граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање“, велат оттаму и тврдат дека ниту еден ученик нема да биде оштетен со одземање на бодови при оценувањето, доколку има техничка грешка, туку тоа прашање нема да се земе во предвид при формулирањето на конечната оценка од тестот.

СП: Прашање на екстерно - Желудникот лачи пепсин, швепсин или кока-колин?!

Повеќе медиуми, меѓу кои и Радио МОф деновиве информираа за многубројни жалби од учениците и наставниците за изобилство на технички и содржински грешки во процесот на екстерно оценување.