Во Тетово и Струга помалку живородени деца, но Тетово во првите три месеци од годинава сепак се „држи“ во зона на позитивен природен прираст. Конечните податоци на статистичарите покажуваат дека ланската година е демографски уште повеќе поразителна во однос на 2023 со негативен природен прираст за 4 140 лица повеќе починати од новородени, пишува Порталб.
Состојба со новородени и природен прираст во Тетово, Гостивар, Струга, Дебар…
Трендот на негативен природен прираст не запира. Државава се соочува со еден од најгорливите демографски проблеми – повеќе починати од новородени. Статистика покажува негативни податоци и на почетокот на оваа календарска година и на крајот од минатата.
На територијата на општина Тетово, која важи за една од поголемите според бројот на население, лани биле евидентирани 779 живородени деца што е за 85 помалку во однос на 2023 та година. И во општина Струга бројот на живородени е помал во однос на 2024 но со понезначителна разлика, лани биле евидентирани 475 а во 2023 та 483 новороденчиња.
Во општина Гостивар ланската година се родиле 23 деца повеќе во однос на 2023, со евидентирани 500 живородени во 2024 та. Овој тренд е регистриран и во општина Дебар каде лани биле родени 159 деца што е за 13 повеќе во однос на 2023 та кога биле регистрирани 146 новороденчиња и во Чаир каде лани биле родени 17 деца повеќе во однос на 2023 та.
Живородени деца
2024 та година 2023 та година
Тетово 779 864
Струга 475 483
Гостивар 500 477
Дебар 159 146
Чаир 898 881
Извор: ДЗР
„Порталб“ направи детален увид во статистичката база на Заводот за статистика со цел да направи рангирање на општините со најголем и најмал број на новородени. Податоците покажуваат дека во 2024 , со 5 498 живородени е Скопје а зад него се скопските општини Чаир со 898 и Аеродром со 638 родени деца. Надвор од скопскиот регион во 2024 најмногу живородени имало во Куманово 884, во Битола 651 и во Тетово 779. Од друга страна во Осломеј, Зајас, Другово, Вранештица лани не било евидентирано ниту едно живородено дете.
“Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 40.4 %, а најмало Источниот Регион со 5.8 %. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.3 %, а најмало Североисточниот Регион со 8.0 %’ – соопшти Заводот за статистика.
И на почетокот од годината „негативен природен прираст“
И покрај тоа што во дел од општините е регистриран пораст на бројот на новородени, новите податоци за првото тромесечје од годинава покажуваат дека најголем дел од општините се соочуваат со негативен природен прираст – повеќе починати отколку новородени.
Природен прираст ( 1 квартал 2025 )
Тетово +24
Гостивар -48
Струга -13
Дебар +2
Чаир +36
Извор : ДЗР
Во првите три месеци од оваа година во Општина Тетово, во која на годишно ниво има помал број на живородени деца, сепак е позитивна „зона“ со природниот прираст, со 24, Дебар со 2 а Чаир со 36 новородени повеќе во однос на починати. Но состојбата со негативниот природен прираст доминира кај најголем број од општините во државата. Во Гостивар во првиот квартал негативниот прираст изнесува 48 лица а во општина Струга 13. Во првиот квартал од годинава Скопје. Куманово, Прилеп, Битола и Велес се со троцифрен број на негативен прираст додека во позитивна зона се Сарај, Чаир, Шуто Оризари, Гостивар, Арачиново, Дебар, Желино, Петровец, Тетово, Сопиште, Чашка.