Дамјан Јанев ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во друштвената игра „Катан“

Давид Јанев е шампион на Македонија за 2025 година во друштвената игра „Катан“, а тој ќе ја претставува земјава и на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Штутгарт, Германија од 4 до 6 април.

„Давид беше најдобар меѓу 64-те стратези кои во неделата (16 февруари) во Лабораториум се натпреваруваа на Државното првенство на Македонија во организација на Гоблин друштвени игри. Како награда за успехот, покрај пехарот, тој ќе добие и бесплатен авионски лет, сместување и право за настап на најпрестижниот настан на годината во оваа светски популарна друштвена игра“, соопштија од Гоблин друштвени игри.

„Катан“, или претходно позната како „Доселениците на Катан“ првпат е издадена во 1995 година, дизајнирана од Германецот Клаус Тојбер. Досега се продадени преку 32 милиони копии на повеќе од 40 јазици во целиот свет. Во оваа стратешка игра, играчите се во улога на доселеници кои се обидуваат да изградат и да ги развијат своите населби преку трговија на ресурси. Инаку, играта е официјално преведена и на македонски јазик од единствениот дистрибутер и застапник во земјава, Гоблин.