Цигарите до 2050 година би можеле да престанат да се користат во многу делови на светот

Употребата на цигари во голем број земји може да падне на нулата во следните три децении, кога пушачите ќе престанат да консумираат цигари или ќе се префрлат на алтернативни производи, укажува нов извештај, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Пушењето може да исчезне до 2050 година во САД, делови од Европа, Австралија и големи делови од Латинска Америка ако продолжи трендот на опаѓање забележан во последните децении, објави аналитичарот Адам Спилман.

Анализата покажува колку е важно големата тутунска индустрија да се „вооружи“ со конкуретни алтернативи на цигарите. Индустријата претрпе некои од најголемите промени во својата историја, бројот на деца пушачи во моментов се намали за скоро три четвртини во последните 20 години, а употребата на тутун од страна на мажите исто така се намалува за првпат.

Компанијата „Филип Морис Интернешнл“ која е производител на цигарите „Марлборо“ и „Честерфилд“ исто така навести дека цигарите би можеле да „застарат“ за една деценија.

Тие ја презедоа водечката улога во обезбедувањето алтернативи за пушење со своите уреди наречени „Ајкос“, и сега со нив генерираат скоро една четвртина од своите приходи.