Чубака уапсен во Украина, не носел лична карта

Главниот помошник на Хан Соло во „Војна на ѕвездите“ Чубака беше уапсен и однесен на суд во пресрет на локалните избори во украинскиот град Одеса. Судот му одреди парична казна од 7,5 долари на човекот во костумот за „административната навреда“ што не носел лична карта со себе.

Во официјалното соопштение што украинската полиција го објави на својот Инстаграм профил се вели:

„Нема ништо чудно овде, само Чубака беше приведен поради немање документи додека го превезувал Дарт Вејдер на изборите во Одеса“.

Личноста позади костумот изјави дека бил само за да му даде поддршка на Дарт Вејдер, кој требало да гласа.

Откако е пуштен на слобода изјави дека не може да ја плати кауцијата бидејќи „неговите пари се во интергалактичката банка која нема филијала на Земјата“.


Се огласил и Дарт Вејдер кој се пожалил дека не му било дозволено да гласа иако приложил украински пасош на име Дарт Алексеевич Вејдер.

Неговиот лик често се појавува на изборите во Украина. Интернет партијата е основана во 2007 година и се залага за бесплатно компјутерско образование и дигитална транзиција.

На парламентарните избори во 2014 година освоиле 0,36 отсто од гласовите и не успеаа да добијат свое пратеничко место. Неодамна пак, статуа на Владимир Ленин беше претворена во ликот на Дарт Вејдер како одговор на новиот украински закон со кој се забрануваат симболи од комунистичкото минато.