Статуа на Ленин претворена во Darth Vader

Споменикот на Ленин во украинскиот град Одеса е „декомунизирана“, со одлука на претседателот Петр Порошенко.

Поради одлуката за отстранување на комунистичките симболи и икони во Украина, оваа скулптура беше преработена во споменик на Darth Vader од култната филмска приказна „Star Wars“.

Статуата, која беше откриена денес, ја преработи познатиот скулптор Александар Милов. Карактеристично за неа е и тоа што емитува Wi-Fi сигнал.

„Бронзениот Ленин остана внатре, за благодарните или не толку благодарните потомци да можат да го ексхумираат, ако има потреба од тоа“, вели Милов.

Извор: Bored Panda