Членови на мексиканска банда признаваат дека ги убиле 43-те исчезнати студенти

Осомничени членови на мексиканска банда признале дека убиле повеќе од 40 ученици кои исчезнаа пред шест недели, соопшти мексиканскиот јавен обвинител Хесус Муриљо.

Тој пренесе дека тројцата членови на бандата тврделе дека студентите им биле предадени од полицијата. Тие рекле дека некои веќе беа задушени, а останатите ги застрелале, пред да ги запалат нивните тела.

Семејствата не прифаќаат дека се мртви нивните деца сè додека тоа не биде официјално потврдено од страна на аргентинските форензичари кои работат на случајот.

Јавниот обвинител Муриљо предупреди дека ќе биде тешко да се откријат идентитетите на изгорените остатоци и дека властите ќе продолжат да ги сметаат студентите како исчезнати додека ДНК тестовите не го потврдат спротивното.

Вкупно 43 студенти исчезнаа откако се судрија со полицијата на 26 септември во градот Игуала што предизвика бес поради обвинувањата за соработка помеѓу локалната полиција и организираниот криминал.

Студентски протести во Мексико – „Игуала, лулка на убиствата“

Повеќе од 22 000 луѓе исчезнале во Мексико во последните осум години, според листата објавена од мексиканските власти.

Извор: BBC