„Игуала, лулка на убиствата“- студентски протести во Мексико

Додека светот е фокусиран со продемократските протести во Хонг Конг, на другата страна на светот јакне уште едно студентско движење.

Студентски протести во Мексико – „Игуала, лулка на убиствата“

Протестите што во моментот се одвиваат во Мексико, почнаа во малото гратче Игуала, во југозападниот дел од државата Гереро, каде што исчезнувањето на 43 студенти, ноќта на 26 септември предизвика бес поради обвинувањата за соработка помеѓу локалната полиција и организираниот криминал.

„Игуала е само еден пример за нивото на распаѓање на државните и општинските институции за безбедност“, изјави Данкан Вуд, директор на Мексиканскиот институт во центарот Вудроу Вилсон во Вашингтон, за Вашингтон Пост.

Сведоците се дел од локална банда, за која федералните власти тврдат дека се инфилтрирале во локалната полициска станица. Според членовите на бандата, полицијата уапсила 17 студенти од локален колеџ за професори, ги однесла на висок рид, ги убила и закопала.

Протестите во Хонг Конг ги засенија оние во Мексико. Поради ова, мексиканскиот народ бара власта и светските медиуми да известуваат повеќе за тоа.

Студентски протести во Мексико – „Игуала, лулка на убиствата“

Студентите од државниот колеџ во Гереро запалија слика од државниот гувернер, Ангел Агуире, пред да ја запалат општинската зграда. Tие бараат да се спроведе истрага и држеа банер на кој беа лицата на 43-те исчезнати студенти на кој пишува „Игуала, лулка на убиствата“. Демонстрантите побараа и оставка од претседателот Енрике Периа Нието со масовниот протест во Мексико Сити оваа недела.

Студентски протести во Мексико – „Игуала, лулка на убиствата“

Повеќе од 22 000 луѓе исчезнале во Мексико во последните осум години, според листата објавена од мексиканските власти. Неодамна беа пронајдени 28 човечки трупови, за кои локалните полициски власти тврдат дека не припаѓаат на исчезнатите студенти.

Студентски протести во Мексико – „Игуала, лулка на убиствата“

Извор: World.Mic