Четири месеци затвор за професорот од Струга кој повреди ученик

Четири месеци казна затвор доби професорот Ерол Спахо од струшката гимназија „Ибрахим Темо“. Тој во декември минатата година во училиштето повреди ученик со железен боксирач, пренесува Алсат ТВ.

Професорот беше прогласен за виновен за кривичното дело „насилство“. Според пресудата, ќе му биде пресметано времето поминато во притвор до правосилноста на пресудата, а ќе треба да плати и над 2.000 евра за судски трошоци. Неговиот адвокат најави жалба на пресудата.

По инцидентот во декември, дел од учениците протестираа пред влезот на Основниот суд во Струга и ја бојкотираа наставата барајќи казна за професорот.