„Цензура или не цензура“ – изложба и перформанс на Мариго Локу во „Мала станица“

„Цензура или не цензура“ е насловена изложбата на уметницата Мариго Исеини (Локу), која ќе биде отворена на 28 јуни, вторник, во Националната галерија на Македонија – Мала Станица.
Со почеток во 20 часот, посетителите ќе имаат можност да проследат изложба, а воедно и перформанс за врската помеѓу човекот и природата под кураторство на Влора Демири.
„Со рестриктивен и предизвикувачки метод на дишење, уметницата доаѓа со перформанс кој се спушта во длабочините на емотивниот хаос и има тенденција да го ослободи духовниот одмор цензуриран од самата себе“, информираат организаторите.