Брзата мода убива: Работилница за шиење и плетење во СЦ „Дуња“

Дали сакате да знаете како се прави облека? Како се шие и плете? Колкаво влијание има блузата што ја носиш врз околината и врз луѓето што ја направиле?, прашуваат од Социјалниот центар „Дуња“, каде на 24 февруари ќе се одржува работилница под мотото „Брзата мода убива“.

Од „Дуња“ велат дека текстилната индустрија е една од најголемите светски индустрии, огромен загадувач на планетата и масовно оружје на капитализмот.

„Но не мора да биде! На 24.02.2024 во С.Ц. ‘Дуња’ почнувајќи од 17 часот ќе одржиме работилница целосно фокусирана на облеката. Ќе научиме како се шие на рака и на машина, ќе научиме да плетеме и како да ја избереме облеката што ја купуваме“, велат од СЦ „Дуња“.

За заинтересираните велат дека е потребно да донесат нивна облека која се скинала и не знаат, или немаат време да ја закрпат.

„Не е важно каква облека е, само да е чиста. Не е срам да донесете скината долна облека што сакате уште да ја носите, срамота е залудно да се купува ново секој пат кога нешто скинато/расипано може да се поправи! (за расипан патент пишете ни однапред да набавиме патенти)“, стои во најавата за работилницата.