Дуото „ДаДа“ вечер ќе настапува во СЦ „Дуња“

Во дворчето на Социјалниот центар „Дуња“ вечер (сабота, 8 јули) од 20:30 часот ќе настапи авторскиот бенд „ДаДа“.

„ДаДа“ е концептуално музичко патување базирано на доверба, другарство и слободно изразување.

Дуото го сочинуваат Дарио Циевски и Дарко Медарски, кои музиката ја пренесувааат преку повеќеслоен инструментариум.

Влезот е препорачана донација за артистите.