Бронзен медал за средношколецот Александар Иванов на меѓународната олимпијада по физика

Средношколецот Александар Иванов од Свети Николе освои бронзен медал на 49-тата Меѓународна олимпијада по физика, објави Друштвото на физичарите на Република Македонија на својот фејсбук профил.

Иванов е ученик во четврта година во Приватното средно училиште „Јахја Кемал – Бутел“ и бил дел од тимот на Друштвото на физичарите кои ја претставувале Македонија на Олимпијадата која се одржуваше од 21 до 29 јули во Лисабон, Португалија.

Покрај Иванов на Меѓународната олимпијада по физика од Македонија учествуваа и Мартин Ристовски од Македонска Каменица, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал, Бутел, Иван Јовановски од Карпош, ученик во втора година во ПСУ Јахја Кемал, Карпош. Трајче Бојаџиев од Неготино, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал, Бутел и Војо Митревски од Ресен, ученик во втора година во СОУ Цар Самоил, Ресен.

Водачи на тимот беа проф. д-р Боце Митревски и доц. д-р Ламбе Барандовски.

Целиот тим кој ја претставуваше Македонија на Меѓународната олимпијада по физика