Во застрашувачкиот шумски пожар што го уништи историскиот град Лахаин на Хаваи, загинаа најмалку 55 луѓе, соопштија вчера властите, јавува Франс 24.
Пожарите на западниот брег на островот Мауи на Хаваи, кои се влошија од силните ветрови од ураганот кој минува близу местото, избувнаа во вторникот и брзо го зафатија приморскиот град Лахаин.
Пламените јазици се движеа многу брзо, па така многу луѓе останаа заробени на улиците или скокаа во океанот во очајнички обид да избегаат.
„Навистина изгледа како некој да дошол и штотуку да го бомбардирал целиот град. Целосно е уништен“, рече Канаѓанецот Брендон Вилсон, кој отпатувал на Хаваи со својата сопруга за да ја прослави нивната 25-годишнина.
[Видео] Целосно уништен историскиот град Лахаин во шумските пожари на Хаваи
Пожарите следуваат по серијата временски настани во Северна Америка ова лето, односно, рекордните шумски пожари кои сè уште се активни низ Канада и големиот топлотен бран што го зафати југозападниот дел на САД.