Blur вечерва ќе ја стрима концертната изведба на новиот албум

Вечерва, британскиот бенд Blur ќе го објави на Youtube настапот од минатата недела во мал клуб во Лондон, на кој е изведен комплетниот материјал од новиот албум, „The Magic Whip“. Снимката од концертот, одржан пред публика од околу 300 луѓе, ќе биде достапна во 21:00 часот.

„Го отсвиревме целиот албум, од почеток до крај“, вели фронтменот на групата, Damon Albarn.

Претходно, Blur ги претстави песните:  “There Are Too Many of Us”, “Go Out” и “Lonesome Street” кои ќе се најдат на новиот албум, кој излегува во продажба на 27 април.

Во 21:00 часот, погледнете го концертот на Blur овде: