Во изненадувачки потег кој зачуди многумина, британскиот рок бенд Blur најави дека на 28 април ќе издаде нови уздание со наслов „The Magic Whip“, прв целовечерен (ЛП) албум за бендот по повеќе од 12 години.
На групата, која официјално е дискографски неактивна од 2008, досега имаше повремени обединувања и заеднички концерти, на овој албум ќе и се придружи и гитаристот Graham Coxon, кој не учествувал во издание на Blur од 1999. Според информациите од фронтменот Damon Albarn, албумот е снимен во 2013 во Хонг Конг, за само пет дена, откако бил откажан настап на групата.
Во исто време, бендот го издаде и спотот за првиот сингл од новото издание, песната „Go Out“.