Блокада на Правниот факултет во Белград: за едни предавања, за други оро со професорот

Наставата на Правниот факултет во Белград денеска се одвива во отежнати услови, откако дел од студентите вчера воспоставија блокада на факултетот, барајќи промени во начинот на бодување на испитите, „отклучување“ на годината и додавање на уште една испитна сесија во октомври.

Студентите кои ја организираат блокадата вчера се сретнале со деканот, д-р Сима Аврамовиќ, но откако не добиле гаранции дека барањата ќе им бидат исполнети, одлучиле да преспијат во просториите на факултетот. Тие најавија нов состанок за денеска во 15:00 часот. Главниот влез во зградата е блокиран, а и покрај ова, се одржува настава на која присуствуваат дел од студентите.

Во меѓувреме, на Јутјуб се појави снимка, која брзо стана хит на социјалните мрежи. На неа се гледа како студентите-штрајкувачи играат оро во еден од амфитеатрите на факултетот, во што им се придружува и еден од професорите: